social image
Приземје
Прв кат

Постојана музејска поставка

Изложба на цицачи

Изложбата им овозможува на посетителите да се запознаат со богатата фауна на цицачите во Македонија, претставена преку 66 нејзини претставници.

Во воведниот дел се прикажани различните типови черепи и вилици кај цицачите, нивниот ембрионален развиток, како и градбата на кожата и нејзините деривати. Внатрешната градба и органите кај цицачите се претставени на специјално подготвен примерок од зајак. Систематскиот преглед е распореден во неколку витрини. Најнапред се претставени инсектојадните цицачи, по кои следуваат лилјаците. Редот глодари е претставен повеќе видови, меѓу кои верверица, стоболка, полвови и различни видови глувци. Во посебна диорама се прикажани дивокозите во нивното карактеристично живеалиште на планината Бистра. Низ изложбата се претставени и ѕверовите, од невестулката и творот, како едни од најситните претставници, па сè до волкот, рисот и мечката, како едни од најкрупните ѕверови кај нас.
Чифтнокопитните, застапени со три видови и зајаците, претставени со еден вид, се прикажани преку диорами во нивната природна средина. Во останатите диорами посетителите можат да видат лисица пред дувло, волк во букова шума, јазовец покрај своето скривалиште, рис во костенова шума, шакал покрај грмушшки и многу други цицачи во нивните карактеристични живеалишта.

Преку изложените примероци и диорами, посетителите можат да се запознаат со разновидноста, градбата и начинот на живот на цицачите во Македонија.