social image
Приземје
Прв кат

Постојана музејска поставка

Ентомолошка изложба

Ентомолошката изложба им овозможува на посетителите да се запознаат со претставниците од најзначајните редови на инсекти.

Во воведниот дел се претставени анатомијата, морфологијата и биологијата на инсектите, со посебен осврт на метаморфозата – процесот на преобразба низ кој поминуваат во текот на својот развиток. Понатаму, посетителите можат да погледнат  инсекти, изложени поединечно или во мали диорами што ги прикажуваат во нивните природни живеалишта.

Меѓу изложените групи се претставници на правокрилците и дрвениците. Во централниот дел од изложбата се сместени три големи диорами. Во нив се прикажани шумска средина со мравјалник, наезда на скакулци и дел од крајбрежниот појас на Преспанското Езеро со различни видови водни коњчиња.

Во повеќе мали диорами се претставени тврдокрилците и пеперутките, меѓу кои и некои од најголемите видови што се среќаваат кај нас. Особено внимание привлекуваат аполоновата пеперутка, карактеристична за високопланинските предели и ластовичната пеперутка, една од најголемите и највпечатливи дневни пеперутки кај нас. Покрај дневните, изложени се и ноќни пеперутки, меѓу кои и ноќниот пауновец – најголемата пеперутка во Европа.

Покрај претставниците на автохтоната фауна, во изложбата можат да се видат и егзотични видови инсекти што потекнуваат од тропските и суптропските региони.