social image
Приземје
Прв кат

Постојана музејска поставка

Изложба на без’рбетници


Постојаната изложба на безрбетници, со повеќе од 400 примероци, презентира стотина видови од различни типови на безрбетници: сунѓери, плочести црви (планарии, тении и метили), валчести црви (различни видови на глисти), прстенести црви (дождовни црви и пијавици), членконоги (ракови, скорпии, крлежи, пајаци, стоногалки) и мекотели (полжави и школки).

Посебно место во изложбата имаат ендемичните видови безрбетници како што се: охридскиот топчест сунѓер и ендемичните и реликтни видови на полжави од Охридското Езеро.

Во оваа изложба големо внимание привлекува отровниот пајак познат како црна вдовица.

Покрај диверзитетот на безрбетната фауна, преку текстови, цртежи и илустрации, посетителот има можност да се запознае со интересни факти за градбата, животниот циклус и распространетоста на различните групи безрбетници.

Составен дел на изложбата се прекрасни диорами кои претставуваат автентичен приказ на природните живеалишта на одредени видови на безрбетници.