social image

Донаторски збирки

Научно наследство низ донации и збирки

Во текот на изминатите години за обележување е соработката на стучните лица во музејот со голем број на колекционери и љубители на природата.

По пат на донаторство музејот е сопственик на збирки и примероци од геата, флората и фауната кои имаа голема научна вредност. Донирани се следните збирки:
 
  • Збирка на Ephemeroptera и Plecoptera од Проф. Д-р П.Икономов;
  • Збирката на безрбетниците на Славе Хаџишче
  • Збирката на дневни пеперутки (Rhopalocera) од Македонија на Д-р Славољуб Јаконов и Панче Машковски
  • Примероци од ферикоронадитот од Проф. Д-р Симеон Јанчев

Истите се превземени од сопствениците и сведочат за диверзитетот на едно одредено време.