Наследство старо 100 години, визија за следните 100!

Финансиската поддршка од 150.000 евра од Стопанска банка претставува историска пресвртница за Музејот.


Ова е прва поголема донација која отвора пат за целосна модернизација и дигитален развој на институцијата.

Oвој развоен чекор се случува во период кога музејот се подготвува да го прослави својот 100-годишен јубилеј во 2026 година.

Трансформацијата ќе го постави музејот на пат кон ново време – каде науката, технологијата и образованието се спојуваат во единствено, современо и инспиративно искуство за сите посетители.

Модернизацијата ќе овозможи музејот да стане:
  • Поатрактивен за децата и училиштата
  • Поинтересен за локалните и странските туристи
  • Подостапен за лицата со попреченост
  • Интеракитвен и лидер во нови технологии
  • Порелевантен во современиот едукативен контекст
 
Ова партнерство ќе овозможи музејот да стане поинклузивен, поинтересен и поинформативен за децата, младите, семејствата и образовните институции, и во годината кога слави еден век постоење, модернизацијата ќе го подготви музејот за предизвиците на новото време и ќе му овозможи да биде жив едукативен центар, уште многу децении едукативна и научна работа што ја раскажува приказната за природата, биодиверзитетот и местото на човекот во неа.

Поврзани вести