Ноќ во Природонаучниот музеј – кога музејот оживува

Можеби музејските експонати не оживеаја по полноќ, но музејот дефинитивно беше жив!

Во рамките на Белата ноќ, на 3 октомври, Природонаучниот музеј во Скопје ги отвори вратите за една поинаква музејска вечер. Додека едни ги истражуваа музејските поставки, други танцуваа на музиката на сцената „Голем Град“, во двочасовен сет куриран од музичката платформа ZIP 1000.

Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа вечер и го исполнивте музејот со енергија, љубопитност и добра атмосфера!



Посебна благодарност до ZIP 1000 и Vukoveetch за музиката и одличната атмосфера.

Се гледаме на следната музејска авантура!

Галерија