На 26 октомври 2026 година, со свечена академија во Македонскиот народен театар, Природонаучниот музеј во Скопје го одбележа својот голем јубилеј – 100 години постоење.
Овој значаен настан беше можност да се потсетиме на богатата историја на музејот, неговиот придонес во проучувањето и зачувувањето на природното наследство, како и неговата важна улога во доближувањето на природата до јавноста.
По повод јубилејот, упатуваме искрена благодарност до сите поранешни и сегашни вработени, соработници, донатори, спонзори, партнери и пријатели кои придонеле за развојот и работата на музејот низ годините. Благодарност и до сите гости кои со своето присуство ја збогатија оваа свечена вечер.
Еден век посветеност на природата, науката и природното наследство – јубилеј што го славиме заедно!
Преку фотографиите споделуваме дел од атмосферата и убавите моменти од одбележувањето на овој значаен јубилеј.