На иницијатива на НУ Природонаучен музеј на РС Македонија – Скопје, палеонтолошкиот локалитет – „Змијовец“ со РЕШЕНИЕ донесено од министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и објавено во Службен Весник на Р.С.М. бр:189/2024 од 11.09.2024 е прогласено за природна реткост.
Фосилоносните слоеви во околината на селото Долни Дисан се богати со фауна од периодот на доцен миоцен. Истражуваните седименти според покажуваат присуство на песочници, глинести песочници, дијатомит, јаглен, конгломерати и ситни глинести честички карактеристични за езерските басени.
Формацијата во Тиквешкиот басен започнала да се формира кон крајот на Сарматијан и почетокот на Меотијан (Туролијан) како резултат на интензивни вертикални движења.
Сите истражувани примероци од околината на селото Долни Дисан имаат изразени карактеристики типични за алувијалните речни наслаги, истото би можело да се толкува како да е депонирано со релативно брз хидродинамички транспорт.
Примероците од локалитетот „Змијовец“ се со песочен карактер и се депонирани на брегот од речната тераса.
Хидродинамичките карактеристики на таложење во истражуваните локалитети се докажани со разнообразие од фосилните наоди.
Фосилната фауна која се наоѓа во околината на селото Долни Дисан, Неготино е карактеристична по својата уникатност, односно дел од видовите кои се пронајдени на овој локалитет не се пронајдени на останатите палеонтолошки локалитети во нашата држава.
Фосилните фрагменти од локалитетот „Змијовец“ се пронајдени во жолто – кафеавите седиментни глинести и песочни слоеви.
Фосилната фауна од цицачи која се јавува во глинестите и песочните слоеви на овие региони е со старост од доцен Миоцен.
Според Spassov и сор. (2018) присуството на
Tragoportax cf. amalthea со Anancus sp. укажуваат на пост-пикермиска фауна од туролианскиот кат.
Во систематски поглед сите овие видови припаѓаат на Класата
Mammalia, Placentalia (плацентални цицачи) кои на локалитетот „Змијовец” засега се претставени со 6 редови, 13 фамилии и 19 таксони.
Во изработка на елаборатот учествуваа: Автор: М-р Биљана Гаревска – виш кустос Геолошката карта и опис изготвил: Билјана Карамачоска – виш кустос Прегледна карта со користење на топографски основи изготвиле: Васко Авукатов Лазар Николов Македонско Еколошко Друштво