Нашата држава се карактеризира со богата и интересна ентомофауна, хетерогена по својот состав како и со присуство на многу ендемски видови. Класата инсекти е застапена со најголем број на видови околу 6 198, вклучително и повеќе од 200 ендемити. Сето ова се должи на географска положба, мешањето на медитеранската и средноевропската клима и хетерогените абиотички фактори. Ова претставува основа за формирање на ентомолошкото одделение во 1941 година од д-р Крсто Тулешков.
Стручното лице во одделението врши истражување, колекционирање, препарирање, проучување, заштита и објава на ентомолошки материјал. Работи на подготовка и учествува во реализација на повремени, тематски и постојана ентомолошка музејска поставка.
Поголемиот дел од ентомолошкиот матерјал е детерминиран и ревидиран од соодветни научни работници.
Ентомолошкото одделение располага со 190 309 ентомолошки примероци и тие се систематизирани по збирки, како што се:
- VESPIDAE
- CARABIDAE
- STAPHYLINIDAE
- CURCULIONIDAE
- CICADIDAE
- ODONATA
- NEUROPTERA
- ORTHOPTERA
- SYRPHIDAE
- LEPIDOPTERA (дневни и ноќни пеперутки)
Во постојаната музејска поставка изложени се
2.015 ентомолошки експонати, водни кончиња, пеперутки, богомолката, скакулци, штурци и други.