За Музејот

Природонаучниот музеј на Македонија е основан во 1926 година, на иницијатива на познатиот биологд-р Станко Караман. Музејот го колекционира, проучува и презентира природното наследство на Македонија. Постојаните изложби на Музејот опфаќаат површина од 1700 м2. Во нив се изложени околу 4000 оригинални експонати, кои се прикажани во витрини и диорами.Во музејските збирки и депоа се наоѓаат над 270000 примероци од геата, флората, фунгијата и фауната на Македонија.

Преку поголем број на научни проекти Музејот има реализирано серија истражувања врз фосилната и рецентната фауна во земјата. Резултатите во најголем број се објавени во изданијата на Музејот.

Природонаучниот музеј на Македонија континуирано соработува со сродни институции од земјата и странство. Во последните неколку години интензивирана е соработката на полето на изложбената дејност, преку гостувања на тематски изложби во други градови во земјата и странство, кои го презентираат природното наследство и биолошката разновидност на Македонија.