Luscinia megarhynchos

Luscinia megarhynchos 1Славејче

Luscinia megarhynchos

Фамилија Треварчиња – Saxicolidae или Муварчиња – Muscicapidae

Ред Врапчевидни птици – Passeriformes

Мала, 17 cm долга птица, која ги населува листопадните шуми до околу 1000 мнв. Широко е распространета во Македонија, во Европа се среќава во поголемиот нејзин дел, како и во Мала Азија, на Кавказ, Казакстан и соседните земји. Нејзината песна може да се чуе преку целото деноноќие, но најдобро се слуша ноќе, кога пеат само уште мал број други птици. Гнездото го прави во густа вегетација, блиску до земја, женката несе 4-5 маслинесто-кавеави јајца на кои лежи само таа, 13-14 дена. Младите остануваат во гнездото уште 11-12 дена, а ги хранат двата родители. Преселна птица, која во Македонија пристигнува на почетокот на април, а заминува во септември. Бројна и незагрозена.

Надворешни врски:

Систематика: http://www.faunaeur.org/full_results.php?id=97174 или http://eol.org/pages/1051449/overview или http://www.catalogueoflife.org/col/details/species/id/16982961

Фотографии: http://www.arkive.org/common-nightingale/luscinia-megarhynchos/

Песна: http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Luscinia_megarhynchos_-_Common_Nightingale_XC131579.ogg

Статус на засегнатост: http://www.iucnredlist.org/details/22709696/0

Повеќе информации:

http://www.birdlife.org/datazone/speciesfactsheet.php?id=6593

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%98%D1%87%D0%B5

http://en.wikipedia.org/wiki/Common_nightingale