Hipparion verae

Hipparion

Хипарион

Фамилија Коњи – Equidae

Ред Непарнокопитни цицачи – Perissodactyla

Класа Цицачи – Mammalia

Тропрсните коњи (Hipparion spp.) се претци на денешните коњи. Биле со помал раст (Hipparion, грчки = пони), и имале три прсти (за разлика од денешниот коњ, чие копито се наоѓа на средниот прст, кој е единствено преостнат преку еволутивните прилагодби). Опишани се околу 15 видови Hipparion-и. Хипарионовата фауна во Република Македонија е со старост од околу 6 милиони години (доцен Миоцен). Hipparion-от е еден од најкарактеристичните претствници на плиоценската (5-2,6 милиони години п.н.е.) фосилна фауна на цицачите. Во Македонија се пронајдени фосилни черепи од седум видови на коњот Hipparion. Разликата во големината на хипарионите се поврзува со разликите во квалитетот на храната, додека издолжувањето на екстремитетите, нивниот лесен и брз чекор зависел од многу фактори како што се подвижноста во текот на миграцијата и годишниот режим на исхраната кој што ја условувал и телесната тежина. Сезонските суви климатски промени и отсуство на достапна храна условиле миграција на поспецијализираните тревопасни животни, вклучително и Hipparion-ите, кои еволуираат во квартерни коњи.
Остатоци од Hipparion verae се пронајдени во палеонтолошките наоѓалишта кај с. Возарци (Кавадарци), с. Караслари и фабрика Киро Ќучук (Велес) и с. Долни Дисан (Неготино).

Надворешни врски:

http://en.wikipedia.org/wiki/Hipparion

https://www.google.com/search?q=hipparion+phylogeny&espv=2&biw=1600&bih=799&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=o3s2VPGNHszJOe3hgPAH&ved=0CAYQ_AUoAQ

http://en.wikipedia.org/wiki/Evolution_of_the_horse