Scabiosa 2015

Таксономија и хорологија на родот Scabiosa во Република Македонија

Раководител: м-р Зоран Николов, кустос

Родот Scabiosa опфаќа околу 100 видови, распространети во најголем дел во Европа, Азија и Источна Африка. Тоа се, пред се, едногодишни и повеќегодишни растенија, а видови со одрвенето стебло се јавуваат многу ретко.
Бројот на видови од овој род, за територијата на Р. Македонија, според литературните податоци, изнесува 19. И бидејќи комплексни истражувања за родот Scabiosa, за територијата на Р. Македонија, досега не се вршени, а наведените литературни податоци, како дел од одделни флористички и вегетациски истражувања, не се доволни за да се добие потполн увид за состојбата на овој род, за целата територија на Р. Македонија, се наметна потребата од спроведување на детални таксономски и хоролошки проучувања, при што како цел се постави:
• утврдувањето на бројот на видови во Р. Македонија;
• појавата на варијабилност кај одделни видови и утврдувањето на пониските таксономски категории;
• хоризонталната и вертикална дистрибуција на видовите од овој род.
Истражувањата на родот Scabiosa ќе бидат допринос во проучувањето на флората на Р. Македонија и збогатувањето на ботаничката збирка на Музејот. Проектот е предвиден за реализација за периодот 2015-2019 година.