Осовременување на Музејот 2015

Техничко-технолошко осовременување на тематските, постојаните музејски поставки и депоата во Музејот – прва фаза

Раководител: м-р Зоран Николов, кустос

Во периодот од изградбата на зградата на НУ „Придонаучен музеј на Македонија“ – Скопје, во 1968 година, до денес, освен интервенциите на кровната конструкција и реконструкцијата на парното греење, други позначајни зафатати не се превземани. Од таму, изолацијата, вентилацијата и климатизацијата, како на самата зграда, така и на депоата, работните и изложбени простории се далеку под минималните стандарди за една матична институција, каква што е Природонаучниот музеј на Македонија. Затоа, за подобрување како на работните услови во Музејот така и на условите за чување, заштита и презентација на музејските материјали, неопходни се поголеми зафати во инфраструктурата на зградата.
Заради обемноста на предвидените зафати, кои доколку се одвиваат симултано можат да предизвикаат одредени застои во реализацијата на секојдневните активности на институцијата, се предлага истите да се одвиваат сукцесивно, во три последователни фази, во периодот 2015-2017 година.
Прва фаза (2015 година). Во текот на првата фаза од реализацијата на овој проект предвидено е да се реализираат следните активности:
• Реконструкција и осовременување на салата за тематски изложби.
• Поставување на сигурносна врата на влезот во службените простории на Музејот и видеонадзор на влезната партија на Музејот.
• Реконструкција и осовременување на тоалетите во приземјето на Музејот.
• Ентериерно уредување на влезната партија во Музејот од кај Зоолошка градина.
• Поставување на армоника врати и контролен пулт на влезот во постојаните музејски изложби.