Библиотека 2015

Континуирано членство на библиотеката во библиографскиот систем и сервис COBISS.MK (VII фаза)

Раководител: Билјана Кузевска, библиотекар

Проектот “Континуирано членство на библиотеката во библиографскиот систем и сервис COBISS.MK (VII) фаза, е еден од значајните проекти, особено за библиотеката, кои во рамките на програмските активности на Музејот ќе се реализитаат во 2015 година.
Поради својата обемност, проектот се реализира во повеќе фази. Со реализација на проектот се овозможува Онлајн заемна каталогизација, заснована врз коперативно собирање и дистрибуирана обработка на информации и податоци, што овозможува рационална поделба на работата и заштеда при покомплексна постапка на обработка на библиотечниот материјал. Секоја единица е доволно еднаш да се обработи, по што записот, преку заемна база на податоци COBIB е онлајн достапна до сите учесници во системот.
Целта на овој проект е стандардизирана и единствена стручна обработка на библиотечната граѓа, уедначено водење на каталози, како и позајмување на библиотечен материјал и развивање на меѓубиблиотечна соработка.