Едукација 2015

Едукација на деца од предучилишна и училишна возраст за растенијата и животните во Р. Македонија за 2015 година

Раководител: Лилјана Стефановска, едукатор

Одделението за едукација во рамките на својата просветно-педагошка дејност со поддршка на Министерството за култура, континуирано повеќе години реализира проекти за едукација на децата од предучилишна и училишна возраст за растенијата и животните во Р.М. Проектот се реализира преку организирање на музејски работилници, како за дечињата од предучилишна возраст така и за учениците од основно образование. Работилниците вклучуваат повеќе активности: разгледување на постојаните изложби, запознавање со минералите, карпите, видовите растенија и животни во Р. Македонија, нивните морфолошки карактеристики, градба, исхрана, размножување, еколошки карактеристики и др. како и овзможување непосреден контакт на децата со експонатите, изработка на модели животни и нивните живеалишта од глина или пластелин, изработка на цртежи, боенки, колажи и други изработки од различни материјали , изработка на едукативен плакат (постер) за темата која се работи, изработка на power point презентација на темата која се обработува, изложба и презентација на наученото и изработеното од страна на децата пред родителите и воспитувачите (за децата од предучилишна возраст), како и други активности во договор со воспитувачите односно наставниците.
Во рамките на делот од проектот кој се однесува на дечињата од предучилишна возраст, истиот ќе се реализира со дечиња на 4-5 годишна возраст од неколку детски градинки од Скопје, кои преку едукативни работилници ќе се запознаат со животинскиот свет во Р. Македонија.
Кога станува збор за учениците од основно образование, со оглед на фактот што концепцијата на музејските поставки во голема мера се вклопува со наставниот план и програма по предметите “Природни науки” и “Биологија”, оттука, преку музејските работилници ќе се овозможи остварување на дел од наставната програма во Музејот.
Во рамките на проектот, предвидени се повеќе едукативни работилници со ученици од II, III, V, VII и VIII одделение дееветтолетка, како и ученици кои членуваат во биолошките секции од неколку училишта во Скопје, на кои ќе се обработуваат различни теми од областа на природните науки и биологијата (минерали и карпи, флора и фауна, видови под закана, загрозени видови, ендемични видови растенија и животни во Р. Македонија и др.).