Конзервација 2015

Конзервација и заштита на музејските материјали во изложбите и депоата на Музејот

Раководител: м-р Зоран Николов, кустос

Конзервацијата и заштитата на музејскиот материјал е тековна обврска која задолжително се остварува во Музејот секоја година и опфаќа различни постапки, мерки и средства, во зависност од материјалот и условите во кои се врши заштитата. Како позначајни, ќе ги споменеме:
Фумигација – заштита на музејските материјали во депоата на Музејот, која најчесто се реализира во 2 термина (според развојниот циклус на музејските штетници) – пролетен и есенски.
Дератизација – заштита од глодари во изложбените и помошните простории на Музејот.
Покрај фумигацијата и дератизацијата, изложбените простории во Музејот, во пролетниот и есенскиот термин, се третираат и со дадени видови инсектициди, со кои се врши заштита на експонатите од летечки и ползечки музејски штетници.
Кај водените препарати во Музејот, во зависност од потребата, се врши континуирано надополнување со соодветните конзерванси – етил алкохол и формалин.
Во т.н. секундарна заштита, се врши набавка на стаклена амбалажа, ентомолошки и ботанички кутии, плакари и друг вид средства, во кои се чува музејскиот материјал.
Сите наведени активности допринесуваат во заштитата и одржувањето на музејските материјали, како во депоата, така и во изложбените простории на Музејот.