Едукација

ЕДУКАТИВЕН НАСТАН “ЧУДЕСНИОТ СВЕТ НА ПАЈАЦИТЕ”

Одделението за едукација во рамките на проектот “Едукација на деца од предучилишна и училишна возраст за растенијата и животните во Република Македонија“ во соработка со ЈУОДГ “Орце Николов” од Скопје, реализираше едукативен настан на тема “Чудесниот свет на пајаците”.
Во настанот беа вклучени 23 деца на возраст од 5 до 6 години од големата група, од објектот на градинката Карпош 2.
Во текот на месеците ноември и декември 2015 година со децата беа реализирани три музејски работилници, кои опфатија повеќе активности:
– Посета на гостувачката тематска изложба во Природонаучниот музеј – “Чудесниот свет на пајаците” за време на која децата имаа ексклузивна можност одблизу да видат живи примероци од пајаци и тоа тарантули, скорпии и стоногалки, подетално да се запознаат и да научат нешто повеќе за овие животни и улогата која тие ја имаат во природата;
– Едукативно предавање за темата;
– Музејска работилница (моделирање, цртање, боење, каширање и слично);
– Музејска работилница (посета на постојаните изложби во Музејот со акцент на изложбата на безрбетниците каде се презентирани видовите пајаци, скорпии и стоногалки кои живеат во Македонија, моделирање, изработка на пајаци од различни материјали и изработка на терариум);
– Завршна изложба и презентација пред родителите, воспитувачите и други гости која се одржа на 15.12.2015 година во фоајето на Природонаучниот музеј на Македонија.

IMG_0393 IMG_0466 IMG_0482