Одделение Палеонтологија

Во рамките на музејските збирки на Природонаучниот музеј на Македонија се наоѓа богата збирка на фосилна фауна со долгогодишната колекционерска и научно – истражувачка работа на Одделението за плаеонтологија. Проучувањето на фосилната фауна започнува во 1954 година како резултат на истражувањата на Проф. д-р Ристо Гаревски. Во годините што следуваат музејското депо се збогатува со примероци на повеќе групи фосили. Имено, музејот поседува фосилни цицачи од редовите: Парнокопитари, Непарнокопитари, Месојади, Мастодони и Примати. Потоа фосилни безрбетници: черупки од мекотели, амонити, ежови, корали и сунѓери и како најмала колекција е фосилната флора. Во постојаната поставка изложени се 112 примероци од фосилните цицачи и 137 примероци од фосилнитебезрбетници. Денес музејската фосилна збирка брои околу 27 000 примероци припаѓаат на следниве збирки:

  • Збирка на пикермиската фауна
  • Збирка на плеистоценска фауна
  • Збирка на фосилни безрбетници
  • Збирка на фосилна флора

Вработени во Одделението за палеонтологија:

м-р Биљана Гаревска, кустос

Ивица Заркадов, лаборант

Образование:Магистер по биолошки науки

Магистерска теза под наслов: “Компаративни морфометрискикарактеристики на пештерската мечка (UrsusspelaeusRosenmüller 1794) од Европа со кафеавата мечка (Ursusarctos L.) од Македонија“ под менторство на д-р Николај Спасов од Бугарската Академија на Науките.

Област на истражување:Пикермиска фаунаКонтакт: b.garevska@musmacscinat.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *