Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 3117 669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

Одделение за орнитологија

 

            Орнитофауната во нашата држава ја проучувале мал број орнитолози, поединечно и во разни временски интервали. Најзначајни центри на диверзитетот на орнитофауната се: трите природни езера – за водните птици, клисурите на реките – за грабливите птици и планинските масиви за бореалниот и аркто-алпскиот комплекс на видови.

Во рамките на одделенитето за орнитологијата се врши проучувањете на птиците, нивната географска дистрибуција, нивните физички карактеристики, односите со екосистемот во кои припаѓаат, нивната еволуција и друго.

Според досегашните сознанија во нашава држава има околу 335 видови на птици што претставува 64 % од вкупниот број на видови регистрирани во Европа. Во музејот постои релативно голема збирка на птици (1989 примероци од 262 вида) колекционирани од д-р Станко Караман (колекционирани во период од 1925-1953, најмалку 424 примероци), Киро Богоевски (најмалку 649 примероци, во период од 1937-1980), д-р Ристо Групче (најмалку 95 примероци), д-р Светозар Петковски (најмалку 74 примероци), Македон Петличаров (18 примероци), Ѓорѓија Ѓорѓиевски (26 примероци) и Тодор Ивановски (159 примероци). Постои помал број на видови на птици донирани од индивидуални, физички лица.

Во постојаната изложба на музејот прикажани се 253 видови на птици со преку 459 препарирани експонати, по системска припадност и во нивните природни живеалишта.

 

e-mail: contact@musmacscinat.mk

Контакт

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 3117 669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социjaлни мрежи