Одделение за едукација


                Просветно – педагошката дејност во Природонаучниот музеј континуирано се одвива од периодот со поставувањето на првите музејски изложби, пришто особено се интензивира со изготвувањето на постојаните поставки и тоа во почетокот на 80- тите години.

Денес, просветно-педагошката дејност претставува значаен сегмент во севкупната музејска дејност и се реализира преку Одделението за едукација. Во рамки на Одделнието, преку воспоставување соработка со образовните установи, посебно внимание се посветува на воспитно-образовниот процес и тоа како во предучилишните установи така и во основните и средните училишта, но и сродните високообразовни установи.

Основната цел и задача на Одделението за едукација е популаризација на природните и научните вредности на музејските предмети, подготовка и реализација на интерактивни, едукативни програми, проекти, изложби од областа на природата, со што се овозможува преку практична форма на настава збогатување и проширување на знаењата кај децата и учениците, но истовремено подигнување на нивната свест за значењето на природата за човекот како и потребата од нејзина заштита.

Вработени во Одделението за Едукација:

Лилјана Стафановска, едукатор

Образование : дипл.биолог,   Природно-математички факултет – Скопје

Област на интерес: креирање, подготовка, организација и реализација на едукативни програми  (предавања, презентации, музејски работилници, изложби и др.), наменети за деца од предучилишна и училишна возраст од областа на  флората, фауната и геата на Р. Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *