Одделение Вертебрата


Одделението за Вертебрата ја започнува својата работа со основоположникот на Природонаучниот музеј на Македонија- Д-р Станко Караман, во 1926 година. Како единствен научен работник во тој период, заедно со уште еден препаратор и едно техничко лице, тој колекционирал и формирал богати збирки на животни. Д-р Станко Караман, истражувал поголем број на животински групи, вклучително риби, водоземци, влечуги, птици, цицачи, како и одредени инвертебратни групи, фокусирајќи се подоцна на фауната на подземните води.

Музејските збирки на Одделението за Вертебрата покриваат четири големи групи на организми (риби, водоземци, влечуги и цицачи), кои се застапени со вкупно 25.742 музејски предмети, или 491 музејски предмет во постојаните изложби и 25.251 музејски предмети во музејското депо.

Според бројот на музејски примероци, најбогата е збирката на риби, со вкупно 22.807 примероци, потоа следуваат водоземците (917), влечугите (896) и цицачите (631).

Вработени во Одделението за Вертебрата:

Д-р Весна Сидоровска, кустос советник.

Образование:

Доктор на биолошки науки.

Област на истражување:

Херпетофауна

Контакт: v.sidorovska@musmacscinat.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *