Одделение Инвертебрата

          Во рамките на музејските збирки на Природонаучниот музеј на Северна Македонија се наоѓа богата збирка на безрбетници создадена со долгогодишната колекционерска и научно-истражувачка работа на Одделението за Инвертебрата. Проучувањето на безрбетната фауна започнува уште од самото формирање на Музејот, како резултат на истражувањата на подземните води во Р. Северна Македонија од страна на Др.Станко Караман. Во годините што следуваат музејското депо се збогатува со примероци од повеќе групи на безрбетници: сунѓери, прстенести црви, ракови, пајаковидни членконоги, полжави и школки, меѓу кои се наоѓаат и повеќе реликтни и ендемични видови. Покрај тоа се формира и збирката на претставници од морска фауна на безрбетници. Во текот на 1996/1997 година Музејот ја презема од Хидробиолошкиот завод од Охрид научната збирка на Др.Славе Хаџишче, која претставува доказ за составот на охридската езерска фауна.

Денес музејската збирка на безрбетници ја сочинуваат околу 50 000 примероци кои припаѓаат на следните збирки:

  • Збирка на слатководни сунѓери
  • Збирка на црви
  • Збирка на полжави
  • Збирка на слатководни школки
  • Збирка на пајаковидни членконоги
  • Збирка на ракови
  • Збирка на морски безрбетници

Вработени во Одделението за Инвертебрата:

Наташа Стефановска, кустос

Образование: Природно-математички факултет-Скопје, група Биологија. Моментално на постдипломски студии на истата група, еколошко-таксономска насока, таксономски модул

Област на истражување: Биолошката разновидност на копнените полжави во Р.  Северна Македонија.

Контакт: n.stefanovska@musmacscinat.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *