Одделение Геологија

Во периодот од 1941 до 1963 год. музејот организирал колекционерска дејност поврзанa со интензивни истражувања во околината на Скопје, при што се собрани и првите минерали и карпи со кои започнало оформувањето на првата минералошка-петрографска збирка а подоцна се формирала и минералошко-петрографската изложба.

Постојаната минералошко-петрографската изложба за прв пат е отворена во октомври 1976 год. во чест на 50 годишнината од работата на музејот. Денес во музејот се евидентирани околу 2190 музејски примероци на минерали и карпи, од нив во постојаната изложба се 108 и истите припаѓаат на следниве збирки:

  • Минералошка збирка (минералите се евидентирани и презентирани врз основа на нивниот хемиски состав, сулфиди, сулфати, силикати, оксиди и хидроксиди, карбонати….)
  • Петрографска збирка (магматски, седиментни и метаморфни карпи)

Денес музејот поседува прекрасни примероци на гипс, лорандит, стибнит, пирит, халкопирит, галенит, ферикоронадит, гранит, гнајс, диорит, базалт, мермер, андезит, ауропигмент, реалгар и други кои претставуваат непроценливо богаство на нашата држава и кои имаат голема примена во разни гранки на индустријата.

Вработени во Одделението за геологија:

Билјана Карамачоска, кустос

Ивица Заркадов, лаборант

Образование:

Дипломиран инженер геолог, на одделот за геологија на Рударско-геолошкиот факултет во Штип, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Дипломска работа со наслов: Хидрогеолошки карактеристики на градот Охрид и нeговата поширока околина со можности и услови за негово водоснабдување.Моментално на втор цикус на студии на Факултетот за природни и технички науки, студиска програма Петрологија, минералогија и геохемија.

Област на истражување:геологија со посебен осврт на минералогијата.

Е-mail: b.karamachoska@musmacscinat.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *