Ботаничко одделение

Ботаничкото одделение, како посебно одделение во Природонаучниот музеј на Северна Македонија, формирано е 1969 година. Првите почетоци датираат од 1957 година со вработувањето на Владимир Забијакин кој прв започнал со обновувањето и развојот на одделението во склоп на другите одделенија во Музејот.

Подоцна,во 1969 година со формирањето на ботаничкото одделение за прв пат е пристапено кон уредувањето на ботаничката изложба во новоизградената зграда. Ботаничката изложба е прикажана по систематски ред преку посебни технички решенија каде е презентиран дел од богатството на македонската флора. Во 2010 година ботаничката изложба е реконструирана. Изложени се околу 200 вида хербаризирани растенија дополнети со фотографии и едукативни постери.

Научноистражувачката работа во одделението е усмерена кон таксономските и цитотаксономските проучувања на ендемичните, реликтните и ретките растенија како и на таксономско-хоролошкото проучување на одредени родови:Campanula, Orobanche, Scabiosa, Alliumи други.

Како резултат на континуираната работа, во депото на Ботаничкото одделние има над 30.000 хербариумски листови со примероци од виши растенија а музејскиот хербариум е регистриран во Index Herbariorum New York, Botanical garden, со хербариумски код (Herbarium Code) HMMNH.

Вработени во Ботаничкото одделение:

М-р Оливера Матевска, Кустос советник

Образование:Магистер по биолошки науки, еколошко-таксономска насока

Област на истражување:Систематика на виши растенија, флористички и цитотаксономски истражувања на ендемичните и реликтните таксони

Контакт:oliveramatevska@yahoo.com

Крсте Глигоров, лаборант

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *